mCOBISS

Виртуелна библиотека на Македонија на мобилни уреди

Запознајте го mCOBISS – верзија на COBISS+ која е прилагодена за мобилни уреди

mCOBISS е мобилна апликација која овозможува пристап до информациите за граѓата во библиотеките.

Побарајте и резервирајте книга, дневен весник, списание, DVD. Продолжете го рокот на зајмување. Направете список на омилени книги и споделете го со другите. Видете ја локацијата на библиотеката на карта и насоките за патот до библиотеката.

mCOBISS овозможува:

  • пребарување на граѓата
  • преглед на зајмената граѓа и продолжување на рокот на зајмувањето
  • резервација на граѓата, преглед и откажување на резервацијата
  • ретроспектива на зајмената граѓа
  • преглед на долгови и ограничувања
  • прием на е-известувања
  • пребарување и преглед на информациите за библиотеките
  • приказ на локацијата на библиотеката на карта и насоки за патот до избраната библиотека
  • чување на омилените книги на Мојата полица
  • отчитување на ISBN и ISSN бар-кодови
  • синхронизација на корисничкиот профил mCOBISS и COBISS+

Октомври 2019.: издавање на апликацијата mCOBISS

ANDROID

mCOBISS е достапен за повеќе видови мобилни уреди. За телефони и таблети кои функционираат на оперативниот систем Android е достапна бесплатна мобилна апликација.

Android

Android aplication

Коментари, предлози?

Мобилната апликација mCOBISS постојано се дополнува и се прилагодува, во согласност со брзиот развој на мобилните уреди и барањата на корисниците. Вашите предлози ни помагаат за да ја подобриме и да ја усовршиме апликацијата.

Податоци за контакт

  • Национална и универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски“
    бул. Гоце Делчев 6
    1000 Скопје
  • +389 2 3230 151
  • e-pošta: vbmkservis@nubsk.edu.mk
  • URL: https://m.cobiss.net/mk/